Политика за приватност
Последно ажурирање: 19 мај 2026
Станче (во понатамошниот текст „ние", „нас" или „сервисот") е Telegram бот за пронаоѓање станови во Македонија, достапен на t.me/stanche_bot и на веб-страницата stanchebot.mk. Ја почитуваме вашата приватност и се обврзуваме да ги заштитиме вашите лични податоци.
1. Кои податоци ги собираме
При користење на Telegram ботот, ги обработуваме следните податоци кои Telegram ни ги доставува:
Telegram бот:
- Telegram кориснички ID (нумерички идентификатор)
- Корисничко име (username), доколку е поставено
- Јазични и регионални преференци поставени во ботот
- Филтри за пребарување (локација, цена, квадратура, тип на оглас)
Најава на веб-страницата:
- E-mail адреса (при најава со e-mail OTP или Google)
- Основни профилни информации од Google (име, профилна слика), доколку се најавите преку Google
Објавување на оглас:
- Телефонски број — рачно внесен или верифициран преку Telegram (споделување на контакт)
- Фотографии и опис на станот, тип на оглас (продажба/кирија), квадратура, соби, кат, година на градба, состојба
- Приближна локација на станот (географски координати избрани на мапа) и општина
- Тип на огласувач (сопственик или инвеститор) и име на компанија, доколку се избере „инвеститор".
Не собираме: локациски податоци од вашиот уред (GPS), ниту податоци кои не се потребни за функционирање на сервисот.
2. Зошто ги собираме податоците
- За да ви испраќаме известувања за нови огласи за станови
- За да ги зачуваме вашите преференци и филтри за пребарување
- За да го подобриме сервисот и корисничкото искуство
3. Автентикација и трети страни
За најава на веб-страницата користиме:
- Google OAuth — за најава преку Google сметка. При оваа најава, Google ни доставува вашето име, e-mail адреса и профилна слика.
- E-mail OTP — за најава преку еднократен код испратен на вашата e-mail адреса.
Овие податоци се користат исклучиво за идентификација и пристап до вашата сметка.
4. Споделување и објавување на податоци
Не ги продаваме ниту пренесуваме вашите податоци на трети страни. Податоците се користат исклучиво за функционирање на сервисот.
Што ќе биде јавно видливо кога ќе објавите оглас:
- Вашето име (и презиме, доколку е поставено) и член-од датумот
- Телефонскиот број што сте го внеле како контакт за огласот, и ознака дали е верифициран преку Telegram
- Сите детали на огласот (фотографии, опис, цена, локација на мапа, тип на огласувач, име на компанија)
Овие информации се видливи само за најавени корисници на Станче. Кога корисник кликне на телефонскиот број во вашиот оглас, ние бележиме настан за статистика — без идентификација на корисникот кон вас.
5. Веб-страница и колачиња (cookies)
На веб-страницата stanchebot.mk користиме:
- Google Analytics — за анонимна статистика за посетеност
- Microsoft Clarity — за анализа на корисничкото искуство
Овие сервиси можат да поставуваат колачиња (cookies) во вашиот прелистувач. За повеќе информации, погледнете ги нивните политики за приватност.
6. Чување и бришење на податоци
Вашите податоци се чуваат додека го користите сервисот. Доколку сакате да ги избришеме сите ваши податоци, контактирајте нè на адресата наведена подолу и ќе ги отстраниме во рок од 30 дена. Можете и да ја избришете вашата сметка директно од поставките на веб-страницата.
7. Безбедност
Преземаме разумни технички и организациски мерки за заштита на вашите податоци од неовластен пристап, губење или злоупотреба.
8. Промени на политиката
Оваа политика може да биде ажурирана повремено. Секоја промена ќе биде објавена на оваа страница со нов датум на ажурирање.
9. Контакт
За прашања поврзани со приватноста, контактирајте нè на: contact@stanchebot.mk