Барањето стан најчесто знае да биде исцрпувачко искуство. Достапни се огромен број на огласи, и секој еден од нив треба да се провери поединечно, за да се пронајдат оние кои одговараат на тоа што го бараш.
Неизбежно е во целиот овој процес да налеташ на огласи кои се целосно надвор од рамките на твоите критериуми, било да станува збор за месечна цена која е над твојот буџет, или несоодветна квадратура или локација. На крај, резултатот е изгубено време, и процес кој заморува.
И дури да ги пронајдеш огласите кои ќе те заинтерсираат и ги исконтактираш сопствениците, може да се случи станот веќе да биде издаден или продаден. Ова е особено често во периоди кога поголем број на луѓе бараат стан, како на пример пред почетокот на учебната година.
Во моментот кога имаш потреба од стан за изнајмување, или пак можеби сакаш да купиш стан, неопходно е постојано да се проверуваат платформите со огласи, по неколку пати во текот на денот. Сигурно, барем еднаш си имаш помислено колку би било подобро ако постои некое поедноставно решение. А што ако ти кажеме дека постои?
Со нашиот Телеграм бот – Станче, сето ова што создава фрустрација, е решено. Ти требаат само неколку минути за да ги внесеш потребните податоци, а потоа, само очекувај нотификации на твојот телефон. Наместо ти да бараш, огласите ќе доаѓаат кај тебе.
За тебе, Станче ги собира сите огласи што одговараат и ти ги испраќа директно во порака, дури и оние најновите – објавени пред само неколку минути, па така добиваш можност побрзо да реагираш и да стигнеш до она што ти треба. Некои станови се навистина добра зделка и брзо „исчезнуваат“ од пазарот.
Добра локација, пристапна цена и убаво уреден простор се комбинација што привлекува најмногу внимание. За ваквите огласи има најголем интерес за кратко време. Овде предност ќе имаат тие што први ќе стапат во контакт со сопственикот и ќе искажат интерес за станот. Станче служи баш за да ти помогне околу ова. Ќе се погрижи во најкраток можен рок од објавувањето на огласот, да ти го испрати тебе, па така ќе бидеш меѓу првите кои ќе го видат и ќе имаш можност побрзо да реагираш.
Накратко – како работи Станче?
- Го активираш ботот на Telegram
- Во менито го поставуваш твоето барање со посакуваните критериуми
- Добиваш известувања за огласи што одговараат
Толку едноставно.
Во денешно време, проблемите од секојдневнието заслужуваат модерни и автоматизирани решенија. Барањето на стан може да биде со помалку стрес, помалку бесцелно скролање, помалку пропуштени прилики и со поголеми шанси да го пронајдеш вистинскиот стан за себе. Со Станче, овој процес станува побрз и поедноставен. Со помалку труд и помалку изгубено време, полесно ќе го пронајдеш тоа што ти треба.


