Во денешно време, пазарот за недвижнини, како за изнајмување, така и за купување, е мошне компетитивен, па доколку сакате вашиот оглас да биде забележан, потребно е да создадете онаков кој ќе се истакнува. Во продолжение, прочитајте неколку совети за како да го постигнете тоа преку едноставни чекори.
1. Напишете детален опис
Описот за станот треба да биде јасен, да содржи што повеќе детали за станот, и исто така бидете искрени во врска со информациите што ги наведувате, затоа што така се гради доверба кај другата страна. Задолжително напишете дали во зградата има лифт и паркинг, потоа опишете ја околината: што се наоѓа во близина, училишта, градинки, автобуски постојки, маркети и сл.
Спомнете ги и најголемите предности кои ги има станот. Еве неколку примери:
- „Модерен стан во центарот на градот"
- „Еднособен стан со бесплатен паркинг"
- „Простран реновиран стан"
2. Направете добри фотографии
Фотографиите се првото нешто што луѓето го забележуваат на огласот. Затоа вреди да се потрудите околу нив. На овој линк можете да прочитате неколку корисни совети за тоа како да направите добри фотографии од вашиот стан.
3. Истакнете ги добрите страни на станот
Ставете фокус на тоа што го издвојува овој стан од другите и го прави уникатен и посебен.
- Природна светлина
- Мирна и тивка населба
- Реновирана кујна
- Пет-френдли
4. Компетитивна цена
Истражете малку околу цените на становите во областа каде што се наоѓа и вашиот, со цел да избегнете да го огласите со многу висока или ниска цена. Направете споредба со некои други огласи и балансирајте ја цената во однос на локацијата и квалитетите што станот ги нуди. Посетете ја нашата страница со аналитика на цени за да добиете подобра претстава за тековните цени на становите во Скопје и другите градови.
5. Опишете ја населбата
Луѓето многу често освен на станот, внимание обраќаат и на населбата. Затоа добро е во огласот да се истакнат добрите страни на населбата во која се наоѓа станот.
- Кафе барови и ресторани
- Паркови
- Јавен превоз
- Училишта и факултети
- Близина на некои атракции
6. Враќајте брзо на пораките и повиците
На заинтерсираните купувачи или станари кои ќе стапат во контакт со вас, дајте им брз одговор. На тој начин се зголемуваат шансите побрзо да го издадете или продадете станот.
Што треба да избегнувате?
- Темни и матни фотографии
- Малку информации
- Нејасен опис
- Нереална цена
- Игнорирање на пораки и повици
Целта на добриот оглас не е само да го прикаже станот, туку и да изгради доверба кај потенцијалните купувачи или станари, и да им го приближи што е можно повеќе. Огласот треба да биде комбинација од добра презентација, автентичност и добар опис. Ако обратите внимание на овие навидум мали детали, значително ќе ја зголемите можноста за привлекување на вистинските клиенти и ќе постигнете побрзи резултати.



